Австралиските спортисти, кои ова лето на настапат на Олимпијадата и Параолимписките игри во Токио, ќе добијат приоритет при вакцинирањето против вирусот Ковид-19, соопштија денеска властите во Канбера.

Повеќе од 2.000 спортисти, тренери и членови на придружниот персонал, кои ќе ги номинираат австралиските олимписки и параолимписки комитети, ќе се вакцинираат пред заминувањето за Јапонија.

-Сакаме нашите спортисти да отпатуваат во Токио и безбедно да се вратат, изјави австралискиот министер за спорт Грег Хант, додавајќи дека „ранливите категории граѓани остануваат врвен приоритет при вакцинирањето“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2021 00:21