Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф изјави дека германскиот тим ќе биде среќен да продолжи да работи со Луис Хамилтон и во следната сезона.

Хамилтон неодамна ги спроведе првите тестови со гуми од 18 инчи, по што објави дека планира да ја продолжи кариерата во Ф1 и следната година, кога шампионатот ќе премине во новите технички прописи.

– Точно, не гледам причина зошто тој не можеше да го посака тоа. Ова е најдоброто место. Луис е со нас подолго време и ми се чини дека кога ќе обезбедиме конкурентен болид, не гледам причина да се запре соработката, рече Волф.

Следен предизвик за Хамилтон и Мерцедес е утрешната трка од Ф1 шампионатот за Големата награда на Португалија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2021 13:09