Овогодишното издание на тенискиот грен-слем турнир Ролан Гарос ќе се одржи со публика на трибините, но во ограничен број, соопштија властите во Париз.

– Донесовме одлука капацитетот на трибините да биде исполнет до 35 отсто или најмногу 1.000 луѓе, соопшти францускиот министер за спорт Жан Мишел Бланке.

Доколку состојбата со пандемијата на коронавирус биде поволна, бројот на гледачи почнувајќи од четвртфиналнiте мечеви на Роланд Гарос ќе биде зголемен до 5.000.

Ролан Гарос треба да стартува на 30 мај, една недела подоцна од првично утврдениот термин.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2021 00:20