Првиот светски рекет Ешли Барти во четвртфиналето на турнирот во Мадрид денес ја победи Петра Квитова (6:1, 3:6, 6:3) која е 12-та на светската ранг-листа.
Австралиската тенисерка ги доби сите 10 меча против најдобрите 20 во тековната сезона.
Таа исто така ја освои 15-тата победа по ред на црвена глина. Претходно загуби оваа година во Чарлстон на зелена глина.
Во полуфиналето, Барти ќе игра со Пола Бадоса, од која загуби во Чарлстон.