Руски опозициски претставници го критикуваа планираниот закон со кој се ограничуваат кандидатите на изборите за Државната дума како насочен напад врз приврзаниците на затворениот дисидент Алексеј Навални, јави ДПА.

„Ова е уште еден закон против Навални“, напиша на Твитер Леонид Волков, близок сојузник на 44-годишниот водечки опозициски политичар.

Неколку пратеници вчера во рускиот Парламент воведоа нацрт-закон со кој на членовите на екстремистичките организации им се одзема правото на глас со години. Ова наскоро може да засегне многу приврзаници на Навални.

Московскиот суд во моментов донесува одлука на барање на Обвинителството да ги класифицира различните организации на Навални како екстремистички.

Соработниците на Навални ја критикуваа процедурата како политички мотивирана.

Според нацрт-законот, поранешни лидери на организација класифицирана како екстремистичка, но и оние кои финансиски ја поддржувале во минатото, веќе немаат право да се кандидираат за место во Парламентот.

Волков пишува дека постапката на пратениците покажува страв од соработниците на Навални, како што е истакнатиот адвокат Љубов Собол.

Собол сакаше да се кандидира за пратеник на изборите оваа есен.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2021 22:59