Од 2014 година, САД доставиле на Украина вкупно над 4,6 милијарди долари, вклучително и во вид на помош за безбедност. Ова се наведува во изјавата на Стејт департментот за денешната посета на државниот секретар Ентони Блинкен на Киев.

Во соопштението се посочува дека освен финансиските средства, САД доставиле и три гаранции за државни заеми во вредност од една милијарда долари.

САД издвоиле повеќе од 49 милиони долари за Украина во врска со пандемијата на Ковид-19.

САД, исто така, се посочува во соопштението, преку хуманитарни агенции обезбедиле 306 милиони долари од 2014 година за поддршка на лица „погодени од акциите на Русија во источна Украина и Крим“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2021 13:15