Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините против Ковид-19 откако идејата ја изнесе неговиот американски колега Џо Бајден.

„Се разбира, треба да ја направиме оваа вакцина светско јавно добро“, изјави Макрон на отворањето на првиот голем „вакцинодром“ во Париз.

Сепак, тој истакна дека сега се „краткорочно“ важни „донациите“ и „производството во партнерство со сиромашните земји“.

Макрон на 23 април се изјасни против моментално укинување на заштитата на интелектуалната сопственост над вакцините.

Тој објасни дека проблемот е во трансферот на технологија.

„Можете да ја пренесете интелектуалната сопственост на фармацевтите во Африка, но тие немаат платформа за производство на гласник РНК. Ние сакаме да пренесеме технологија и знаење за да направиме платформи во Африка и тоа е клучот за сè“, рече Макрон.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2021 23:35