Американскиот претседател Џо Бајден донесе одлука за продолжување на режимот на еднострани санкции против Сирија за уште една година.

Станува збор за зачувување на разни ограничувачки мерки што сукцесивно беа воведени од Вашингтон против Дамаск помеѓу 2004 и 2012 година. Овие ограничувања вклучуваат блокирање на средства под јурисдикција на САД на одредени физички и правни лица, како и забрана за извоз на одредени категории американски стоки и услуги за Сирија

„Дејствијата на сирискиот режим претставуваат крајна закана за националната безбедност на САД, надворешната политика и економијата. Во врска со ова, вонредна состојба беше прогласена на 11.05.04 и мерките мора да продолжат и по тој датум во 2021 година. Затоа, ја продолжуваме вонредната состојба, објавена во врска со постапките на сириската влада, за една година”, се вели во соопштението на Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека сириското раководство ги признава „насилството и кршењето на човековите права”. „САД го повикуваат режимот на претседателот Башар ал-Асад и неговите приврзаници да ја прекинат нивната брутална војна против сопствениот народ, да воведат прекин на огнот низ целата земја, да обезбедат непречена испорака на хуманитарна помош за сите Сиријци во неволја и да отворат дискусија за политички договор во Сирија”, се наведува во соопштението.

Бајден истакнува дека „САД ќе ги земат предвид промените во политиката и акциите на сириската влада при одлучувањето дали ќе задржат сегашниот режим на санкции во иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2021 11:30