Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ја повика Русија да престане со своите „непромислени и агресивни активности” против Украина.

Овие коментари Блинкен ги даде при посетата на Украина, каде разговараше со државниот врв на таа земја. На состанокот со претседателот Владимир Зеленски, Блинкен рече дека Вашингтон со нетрпение очекува да ја засили безбедносната соработка со Киев.

Посетата на Блинкон доаѓа неколку недели откако Русија распореди илјадници војници долж границата со Украина. Првиот американски дипломат увери дека САД ја следат ситуацијата „многу внимателно”.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2021 11:34