Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, посакува што повеќе квалитетни фудбалери во Серија А со што би се подигнал квалитетот на лигата.

– На Серија А и се потребни играчи од високо ниво. Ибрахимовиќ сака да победи за себе, јас за Интер и Роналдо за Јувентус. Сега Жозе Мурињо дојде во Рома. Сето ова е добро за италијанскиот шампионат. Нивото на лигата се зголемува. Се надевам дека Интер може повторно да го освои Скудетото, истакна Лукаку.

За пресметката со Ибрахимовиќ на натпреварот од Купот на Италија белгискиот репрезентативец во интервју за „Кориере дела Сера“ рече:

„Губевме 1:0, пропуштив шанса и бев лут. Неговите зборови ме трогнаа. Не сум многу среќен што реагирав на овој начин. Јас сум скромна и мирна личност. Јас сум победник и се борам за победа до мојата смрт заедно со соиграчите.

Интер на четири кола пред крајот ја обезбеди шампионската титула во Италијанското фудбалско првенство и по подолго време го симна Јувентус од тронот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2021 14:50