Австриската Влада очекува дека две третини од возрасните граѓани ќе ја примат вакцината, што е пет милиони луѓе.

Според канцеларот Себастијан Курц, ова ќе придонесе за значително подобрување на ситуацијата.

Целта на Владата е државата до јуни да може да им ја понуди вакцината на сите граѓани што сакаат да ја примат.

Половина од Австријците, кои според проценките на Владата се подготвени да се вакцинираат, досега примиле барем една доза против коронавирусот.

Досега два и пол милиони австриски граѓани примиле една доза од вакцината.

Во текот на вчерашниот ден беше поставен нов рекорд во однос на бројот на дадени вакцини – 90.621 доза.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2021 15:06