Страшни се притисоците со кои се соочуваат децата кои бојкотираат настава и на тој начин го изразуваат својот револт против дигитализацијата вкака како што се наметнува, вели вечерва во Што не е јасно? координаторката на иницијативата „Учебници и настава мора да има!“, Драгана Спасевска.

-Цело време се закануваат дека ќе им намалат поведение, се викаат деца кај директорите на разговор. Дознав дека една наставничка во тетовско училиште пишала на цело одделение единици што не биле на настава. Единица заради отсуство не постои. Страшни работи ни се случуваат но од друга страна морам да кажам дека имаме голема поддршка од добар дел од наставниците , но неопходни ни се и другите кои се партиски поврзани со актуелната власт, кои мора да бидат свесни со што ќе се соочат од септември. Имаме и од дел од нив поддршка но не сакаат јавно да се истакнат, нагласува Спасевска.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2021 00:02