Го имаме овој проблем зошто образованието е партизирано, оцени вечерва координаторката на иницијативата „Учебници и настава мора да има! , Драгана Спасевска во емисијата „Што не е јасно?“.

- Не води личност, министер, кој нема ниту ден искуство во образованието. Неопходно е образованието како сектор и труд и социјала каде имаме предучилишно образование, да биде департизирано. Доста е политички структури и партизирања, овие сектори мора да ги водат стручни лица. Ги разбирам наставниците, од кои дел вршеа притисоци против бојкотирањето, но ако оставиме овој закон да пројде од септември тие ќе бидат на удар. Наставниците ќе имаат многу поголеми проблеми отколку ние родителите, истакна Спасевска.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2021 00:02