Бразилскиот напаѓач Нејмар го продолжи денеска договорот со ПСЖ до 2025 година, ставајќи со тоа крај на шпекулациите за негово евентуално враќање во Барселона.

Нејмар дојде во актуелниот француски првак од редовите на Барселона во 2017 година за рекорден трансфер од 222 милиони евра.

Според француските медиуми, Нејмар со новиот договор ќе заработува 30 милиони евра по сезона.

– Многу сум среќен што ќе останам тука уште четири години и ќе бидам дел од клупскиот проект, во обидот да освојувам титули и да го оствариме нашиот најголем сон со освојување на титулата во Лигата на шампиони, изјави Нејмар.

– Горд сум што сум дел од историјата на ПСЖ. Мислам дека тука напредував и како личност, и како фудбалер. Се надевам дека ќе му донесам уште многу трофеи на мојот клуб. Се движиме на вистинскиот пат и се поблиску сме до освојување на Лигата на шампиони. Уверен сум дека можеме да го постигнеме тоа, додаде бразилскиот напаѓач на ПСЖ.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2021 01:27