Тренерот на Арсенал, Микел Артета смета дека на лондонскиот клуб му се потребни уште неколку трансфери за да биде конкурентен за висок пласман.

– На составот му требаат промени. Во декември веќе имаше многу промени, што не е направено со години, но тоа зборува многу за тоа каде бевме. Треба да се направат уште некои измени и сопствениците ќе го поддржат тоа. Сè уште сме во процес, во текот на изминатите неколку месеци поставивме многу цврсти столбови и темели за иднината, изјави Артета.

Арсенал по 34 кола во Премиер лигата се наоѓа на 10. место со 49 бодови.

Вечер од 20 часот „Топчиите“ се среќаваат со ВБА.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2021 14:36