Грција ја изразува нејзината длабока загриженост за насилните инциденти во Ерусалим во изминатите денови, соопштуваат од грчкото МНР и ги повикуваат инволвираните страни да избегнат употреба на сила, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грција упатува апел до сите страна да се воздржат од употреба на сила, што може да доведе до ескалација, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2021 11:41