Во време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано.

Општинката организација на Црвениот крст од Охрид во насока на задоволување на потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид, а во рамки на одбележувањете на Неделата на Црвениот крст, во соработка со службата за трансфузија организира крводарителска акција под мотото „Разубавете го денот, себеси и на другите".

-Во време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие вонредни услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти. Ги покануваме сите хумани сограѓани на возраст од 18 до 65 години да се придружат на хероите на ова време и дарувајќи ја драгоцената течност, спасат човечки животи, се посочува во повикот од Црвен крст – Охрид.

Акцијата ќе се реализира в среда на 19 мај, во спортската сала на ОУ „Григор Прличев" во Охрид во периодот од 9 до 14 часот. Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од Ковид -19, ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2021 12:00