Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменковска донираше заштитна медицинска опрема и помагала за потребите на Здравствената станица, Итната медицинска помош и здравствените работници. При примопредавањето на опремата, Стаменкова истакна дека поддршката за здравствените работници е од особено значење во време на пандемија.

– Се соочуваме со глобална здравствена криза од која никој не е поштеден. Заштитната медицинска опрема во овој момент е најпотребна на оние кои секојдневно се во првите редови и се грижат за здравјето на граѓаните. На овој начин сакаме да ги поддржиме здравствените работници и да го дадеме својот придонес во заштитата на јавното здравје, истакна Стаменкова.

Донацијата, како што додаде, е во рамки на одбележувањето на Денот на здравството и доаѓа во време кога здравствените работници се први на линијата во борбата со пандемијата од Ковид-19.

Во Македонска Каменица во моментот во тек е вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле за вакцинација со кинеската вакцина Синофарм. Претходно заврши вакцинацијата со АстраЗенека за граѓаните над 77 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2021 13:41