Општина Пехчево доби 20 примероци од македонско – ромски речник и 50 примероци од Граматиката на современиот ромски јазик од авторот Латиф Демир. Како што информираше референтот за односи со заедниците, Мустафа Дуровски, споменатата литература и се преотстапува на користење на Општината со Владина одлука за престанок и за давање на користење на недвижни ствари.

-Благодарност за оваа донација за Ромската заедница од Пехчево на која речникот ќе биде од огромна корист за граѓаните бидејки содржи повеќе од 10.000 зборови кои и тоа како ќе допринесат за запознавање на граѓаните со Ромскиот јазик кој е официјален јазик на сите Роми во светот, кој е збогатен со историски процеси на миграции и широк спектар на влијанија, рече Дуровски.

Во таа насока како што додаде Дуровски е и публикувањето на Граматиката на современиот ромски јазик која има за цел да придонесе и во стандардизацијата на литературниот ромски јазик.

-Припадниците на Ромската заедница во Македонија имаа пресудна улога во официјализирањето на ромскиот јазик во мапата на јазиците на народите на светот со иницијативата и со делото на професорот Јусуф Шаип. Тој го посвети целиот живот на стандардизација на ромскиот јазик и за негово вклучување во образованието, дополни Дуровски.

Според планираното Ромскиот речник и Граматиката на РОмски јазик ќе биде преотстапена за користење за потребите на пехчевската библиотека и општинското основно училиште „Ванчо Китанов“ од Пехчево. вс/са/



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2021 14:08