Детската републичка клиничка болница во Татарстан прими 18 деца по пукањето во училиште во Казан, а шест од нив се во критична здравствена состојба, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за здравство, пренесува TACC.

„Вкупно се примени 18 деца. Шест од нив се во исклучително сериозна состојба – операциите се во тек. Останатите имаат рани, скршеници и модринки и во моментов се на испитување и лекување”, се вели во соопштението.

Според официјалните податоци во денешниот напад во училиште во рускиот град Казан убиени се осум лица, од кои седум се деца. Напаѓачот е 19-годишен тинејџер, претходно ученик во тоа училиште. Полицијата соопшти дека напаѓачот е приведен, а оружјето го поседувал со дозвола.

Генералниот директорат на Министерството за вонредни ситуации (ЕМЕРКОМ) на Русија во Татарстан отвори телефонска линија за психолошка помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2021 14:57