Русија и понатаму има околу 100.000 војници кои се наоѓаат во близина на границата со Украина и на полуостровот Крим, изјави денеска шефот на украинската национална безбедност Иван Бакаров.

Официјална Москва соопшти дека ќе ги повлече своите трупи од украинската граница уште минатиот месец, по тензиите кои го вознемирија Западот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен минатата недела истакна дека се уште голем број на руски војници се присутни во областа во близина на Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2021 15:58