Во рамки на агендата на ВМРО-ДПМНЕ предвидена за претстојниот период насловена како "Пратениците со народот", пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ остварија средби со граѓани од повеќе населени места, со кои поразговараа за актуелните случувања во државата, секојдневните проблеми на граѓаните, како и во однос на политичката ситуација.

Пратеничката Марија Петрушевска ги посети жителите на населените места Дељадровци, Бујковци и Миладиновци. Луѓето од овие краишта велат дека државата никогаш не била повеќе понижена, национално урнисана и економски клекната на колена. Велат дека оваа власт на СДСМ е најрасипничката власт која што не само што не гради ништо, туку не го одржува ниту она што некој претходно го изградил. Сведочат на лоши политики во образованието, катастрофални здравствени мерки кои што резултираат со изгубени човечки животи, како и губење на илјадници работни места и уште толку семејства оставени без извор на егзистенција.

Пратеничката Благица Ласовска ги посети жителите од населените места Пеширово, Амзабегово и Црнилишта, кои велат дека животот во овие краишта никогаш не бил потежок. Луѓето велат дека немаат никаква помош од државата, земјоделците се оставени на милост и немилост, младите се иселени, а местата полека замираат. Немаат да споменат ниту еден проект кој им го олеснил животот, ниту пак да споменат кога последен пат ги посетил некој од моменталната власт да ги праша за нивните потреби и проблеми. Оставени на маргините на општеството, велат дека силно посакуваат СДСМ и Зоран Заев конечно да заминат од политичката сцена во земјата, бидејќи со нив државата секој ден се повеќе пропаѓа во жива кал.

Пратеникот Александар Велјаноски од Тетово ги посети населените места Глоѓи и Теарце. Населението кое што живее во овие населени места, заедно со пратеникот се согласија дека состојбата во овие села е катастрофална, а тоа значи дека ништо не мрднува од мртва точка. Жителите од овие села во многу наврати апелирале до надлежните за санација на локалните патишта, проблемите со водоводот и за уште многу други секојдневни проблеми, но како што велат, гласот од страна на функционерите можат да го слушнат само на предизборните митинзи, а кога треба да помогнат на народот, никаде ги нема. Населението од овој дел на државата велат дека промените се неопходни од локално до централно ниво, бидејќи како што велат, изминаа речиси пет години исполнети со чемер, јад и понижувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2021 16:09