Малолетник кој како пешак се движел по патот Отушиште-Теарце бил удрен од возило вчера околу 17 часот. Поради повредите бил однесен во тетовската болница за укажување на лекарска помош.
-На локалниот пат што ги поврзува тетовските села Отушиште и Теарце, вчера околу 17 часот, патничко моторно возило „Фолксфаген голф” со тетовски регистарски ознаки управувано од 26-годишниот Н.И. од Теарце, удрило во малолетен пешак од истото село.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека повредениот пешак пренесен е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
На местото на незгодата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.