Македонските одбојкари со два порази го завршија пријателскиот двомеч на гостински терен против Србија, откако вечерва загубија со идентични 3:1, како и на вчерашната прва пресметка против европскиот првак во Врњачка бања.

Србија, која вечерва настапи со Б-тимот, ги реши во своја корист воведните два сета (25:17, 28:26), по што избраниците на македонскиот селектор Никола Матијашевиќ внесоа резултатска неизвесност во мечот добивајќи го третиот сет 25:23. Сепак, српските одбојкари со идентичен резултат го освоија четвртиот сет за конечен триумф од 3:1.

Двата натпревари против Србија за македонските одбојкари беа завршни проверки пред настапот во групната фаза во Европската сребрена лига, од 21 до 23 мај во Струмица.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2021 00:36