Трикратниот освојувач на Грен слем трофеи, Стен Вавринка ќе го пропушти Ролан Гарос. На главната ждрепка за Грен слемот во Париз, тој ќе биде заменет со Камил Маиржак.

Вавринка нема одиграно меч уште од турнирот во Доха. Кон крајот на март беше опериран на левата нога.

Швајцарецот успешно закрепна и веќе тренира на теренот, но не успеа целосно да се подготви за Отвореното првенство на Франција.

Грен слемот во Париз ќе се игра од 24 мај до 13 јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2021 11:29