Шерон Стоун се пожали дека не може да го запре издавањето на нецензурираната 18+ верзија на „Основен инстинкт“ (Basic Instinct, 1992). Иако беше главна ѕвезда, таа нема контрола над претстојното повторно издавање на оваа класика од раните 1990-ти.

– Тие (продуцентите) одлучија да ја издадат режисерската ’ххх‘ верзија за 30-годишнината од филмот!, рече неодамна глумицата во австралиското шоу „Акшуал афејр“.

Кога водителката Трејси Гримшо ја праша Стоун, која со години повторува како била експлоатирана за време на филмската продукција – дали може да го запре излегувањето на филмот, таа рече дека не може. Таа вели дека доколку филмот се снима денес, „Скрин актерс гилд“ би ги заштитил нејзините права како глумица…

– Но, јас го снимив тој филм како млада дама, па тие правила не важат за мене, рече Стоун, која тогаш, пред 29 години имала 34 години.

И покрај несогласувањата со продукцијата на филмот, таа сега вели дека не жали за ништо, па дури ни за познатата сцена со полицискиот распит. Режисерот на „Основен инстинкт“, Пол Верховен пред неколку години изјави дека Стоун лажела за тоа дека била изманипулирана.

– Секоја глумица знае што сѐ ќе се види види ако ја замолите да ја соблече долната облека и камерата се насочи натаму, изјави тој за „Ајкон“ во 2017 година.

И оваа, сега нецензурирана сцена ќе се најде во досега невидените филмски материјали во новото издание на филмот. Меѓу нив ќе има и повеќе сцени со Мајкл Даглас и Шерон Стоун, а филмот ќе се прикажува во киносалите прво во Франција, а потоа и во други земји, пишува „Варајети“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2021 13:57