Новиот бугарски министер за правда, Јанаки Стоилов, за неколку дена ќе нареди ревизија во Агенцијата за регистрација и Дирекцијата за бугарско државјанство и анализа на склучените јавни набавки.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија, целта на инспекциите, што се очекува да завршат до крајот на месецот, не е да се прават смени, туку да се утврди дали во овие институции има лоша пракса, што треба се елиминира во корист на граѓаните, објасни министерот Стоилов.

Ќе се проверува, исто така, и како се спроведува механизмот за борба против корупцијата во Бугарија.

Новата заменик-министерка за правда, Марија Павлова, на нејзиниот прв ден на функцијата, нареди истрага во притворите и затворите од 2017 година во врска со обвинувањата на бизнисменот Светослав Илчовски дека видел снимки на кои се гледа како познат бугарски бизнисмен е претепан во притвор.

Новиот бугарски министер за правда најави дека со ова ќе биде испратен сигнал до главниот обвинител на земјата, иако веќе се почнати распитите, но бидејќи министерството нема истражни функции, а определени лица се посочуват като гледачи на таа снимка, така што преку таквите распити ќе може да се утврдат и евентуалните извршители или оние кои ја направиле снимката.

Министерот Стоилов потсети дека сака и широка дебата за иднината на Специјалниот суд и на Специјалното обвинителство на Бугарија, за кои 45-то Национално собрание на Бугарија побара нивно затворање со закон.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2021 14:05