Најмалку едно лице загина, две се повредени, а едно се води како исчезнато во хеликоптерска несреќа што се случи во крајниот северозападен руски регион Архангелск, соопшти локалната канцеларија за сообраќај на Рускиот истражен комитет.

– Според прелиминарните податоци, падот на хеликоптерот „Робинсон“ кај островот Муџуг во областа Архангелск е пријавен во 21.25 часот по московско време. Хеликоптерот полетал од аеродромот Васково во тој регион, и како резултат на несреќата, едно лице го загуби животот, две се повредени, а едно се води како исчезнато, се наведува во соопштението.

Според локалните служби за итни случаи, несреќата ја пријавил рибар кој го видел падот.

Покрената е кривична истрага поради сомнеж за кршење на правилата за безбедно летање.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2021 14:13