Смешно е да ветиш зелени покриви на згради, и субвенции за зелени покриви за приватни згради, а се што си направил до сега да е пар метри квадратни трева на две згради.

Жално е да викаш на цел глас Ајродром Ајро Ајро, а да немаш направено ништо за почист воздух, туку дополнително да загадуваш.

Шилегов не направи ништо од тоа што го вети во програмата.

Спуштена раскрсница кај Мавровка, го релаксираме најтесното грло во Скопје; Ја пробиваме „Илинденска“ нов мост кон Ѓорче!; Тунел под Кале; ова се проекти кои беа столб на програмата на Шилегов пред 4 години, ниту еден од тие проекти не е ниту започнат. Нема тунел под Кале, нема нов мост кон Ѓорче како продолжување на „Илинденска“, нема спуштена раскрсница кај Мавровка, имаме само трошење на пари на тендери и организирање на настани како чистење на ѓубре од улички.

Едно од таквите промашувања на Шилегов и ветувањето за враќање на излетничкиот центар „Треска“ кај граѓаните.

Очигледно кога ја правел Шилегов програмата, пардон кога му ја правеле некој скапо платени советници од странство не размислувале дека се работи за СДСМ и пред се, се работи за мрзливиот Шилегов.

Ништо од тоа што е ветено не е реализирано. Се реализираат само набавки кои потоа гледаме дека се дупло поскапи од идентични такви набавки во други метрополи.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2021 15:06