Претседателот Стево Пендаровски, кој со ист авион со бугарскиот претседател Румен Радев ќе заминат во Рим каде што заедно ќе оддадат признание на Св. Кирил и Методиј, смета дека овој чин е еден добар симболичен гест од двете страни кој може да ја олабави атмосферата во пресрет на преговорите меѓу двете земји во врска со блокадата за членство во ЕУ.

-Ние не одиме на заедничко патување и на средби во Ватикан кај папата затоа што ќе го решаваме спорот. Негов предлог од пред месец дана беше дали е добро, јас мислев дека е добро со бугарскиот државен авион да ја собере целата делегација од кај нас од Скопје, мислам дека е околу 25 места имаме со се новинари, и нивната екипа брои толку, заеднички да го чествуваме и тоа го правиме традиционално, тоа не е ништо ново. Заради здравствените протоколи кои важат кај папата не можевме баш на денот да отидеме, на 24 мај, туку на 26 и 27. Ова мислам дека е еден добар сомболичен гест од двете страни и малку да ја олабавиме атмосферата во пресрет на она што ќе претстои понатаму разговори, преговори во врска со блокадата, изјави Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање.

Не е целта да преговараме, рече претседателот, туку целта е да чествуваме едни од личностите кои не беа спорни дури ни во историската комисија.

Тој вели дека со оглед на тоа што многу време ќе поминат заедно со претседателот Радев, неизбежно е оти ќе стане збор за проблемот, но, како што нагласи, тоа ќе биде неформален контакт муабет.

-Не е планирано да има некакви формални разговори, не затоа што ситруацијата е таква во Софија со службена влада, туку затоа што претседателот таму, како и тука не ги води оперативно тие работи. Нив ги водеа и ќе продолжат да ги водат во иднина владите на двете земји Одиме заедно, ќе чествуваме заедно на две три локации, ќе се враќаме заедно. Ќе зборуваме. Но, нема да бидат преговори, истакна претседателот Пендаровски.

Тој нагласи дека во тие разговори ќе се обиде да остане во рамките во кои бил во неговиот телефонски разговор со Радев пред неколку месеци.

-Тогаш имавме долг разговор на таа тема. Секој остана на своите позиции и за тоа ја информирав јавноста. Чинам дека Радев има една поумерена реторика со која ги објаснува бугарските ставови и очекувам разговорот со него да биде досоинствен разговор межу двајца Џентлмени, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање по вакцинирањето против Ковид-19 на вакцинален пункт во Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2021 16:14