Повеќе од десетина дена Финансиската полиција ја “чешла” единствената критички настроена македонска телевизија Алфа, а на чешлањето се надоврзува и МВР преку своето одделение за организиран криминал – дознава Радио Лидер од извори во МВР.

Според извори во Финансиската полиција која јавно не открива каква истрага врши во Алфа се работи за проверка на документација на фирмата за финансиско работење. Според неофицијални информации се работи за контрола на договори за соработка меѓу телевизијата и правни лица. Од финансиската полиција побарале целосна документација за да увидат со кои правни субјекти Алфа има деловен однос.

Предходно на први април годинава Скопското јавно обвинителство по добиена кривична пријава од непознат субјект поднесе кривична пријава против правното лице кое е сопственик на Алфа ТВ за предмет од 2013 и 2014 година, иако моменталното сопствеништво на телевизијата тогаш немало никаква врска со телевизијата.

Алфа во моментов е една од трите најгледани македонски телевизии и единствена која е критички настроена кон власта.

Целиот текст може да се прочита на Лидер.мк



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2021 16:59