Единаесет македонски каратисти ќе настапат во поединечна и екипна конкуренција на Европското првенство чиј домаќин од утре до недела ќе биде хрватскиот град Пореч.

Македонската карате репрезентација замина на завршниот турнир максимално подготвени и со желба за медали, а одличја во прв ред се очекуваат од Емил Павлов и Пуликсена Јованоска.

Македонските претставници во борби се Емил Павлов-60 кг, Давид Петков-67 кг, Доан Османи-75 кг, Петар Спасеновски-84 кг, Вегим Мурати 84+ кг, од кои поголемиот дел ќе настапат и во тимска борба. Кај дамите наши претставници ќе бидат: Сара Радичевска-50 кг, Симона Заборска-55 кг, Моника Пендаровска-61 кг, Ангела Мојсовска-68 кг и Симона Симовска 68+ кг, на кои во тимски настап ќе им се придружи Бојана Манева.

Македонски претставници во кати се: Александар Неделковски и Пулексенија Јованоска во поединечна конкуренција, а во ката тимот ќе настапат: Давид Спасовски, Александар Спасовски и Кристијан Бајовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2021 22:41