Откако на изненадување на многумина го купија велшкиот тим Врексам, холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекилхени најавија снимање документарна серија за еден од најстарите фудбалски клубови во светот.

Рејнолдс и Мекилхени на крајот од февруари годинава за 2,5 милиони долари го комплетираа преземањето на клубот, кој игра во петтата англиска лига, а документарецот насловен „Добродојдовте во Врексам“ ги следи напорите на двајцата глумци, обајцата без големо познавање на фудбалот, во нивното водење на клубот.

Рејндолс и Мекилхени го опишаа клубот со 157-годишна историја како „заспан џин“ со желба да направат од него „глобална сила“

– Никогаш не можеме вистински да го „поседуваме“ третиот најстар клуб во светот. Сè што можеме е да се обидеме да го подобриме клубот за неговите вистински и вечни сопственици, заедницата Врексам“, објави Мекилхени на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2021 00:36