Во арената „Тодор Проески“ викендов се организира атлетскиот митинг „Светски ден на атлетиката“ со што се отвори летната атлетска сезона 2021 година којшто поради околностите кои беа предизвикани од коронавирусот се одржа со мало задоцнување така што со натпреварот за пионери до 15 години настапија и сениорите и младинците, информираат од Атлетската федерација на Македонија.

- Учесниците беа поделени во 2 категории до 15 години и сениори кои настапија на отворање на сезона, а пионерите настапија на државното првенство до 15 години, а ова натпреварување беше многу позитивно кај сите тренери и учесници затоа што прв пат имаше над 10 групи и зголемен број на учесници кој во претходните години не бил забележан.

Во однос на победниците имавме убави резултати, би ги истакнале резултатот во женска конкуренција на отворање на сезона на 100 метра, под 13 секунди, 12:83, потоа имавме добар резултат на 3000 метра во машка конкуренција, како и добар резултат на 3000 метра исто во женска конкуренција, добри резултати имавме исто и на 400 метра во женска конкуренција, така што со оглед на тоа што имавме ситуација каде терените ни беа затворени, проблем со инфраструктурата, сметам дека овие резултати се повеќе од задоволителни, вели претседателката на АФМ, Александра Војнеска Зикова.

Федерацијата, согласно календарот што е усвоен уште пред почетокот на 2021 година, има многу натпревари што биле предвидени за 2020 година и на европско и на светско ниво вклучувајќи ја тука и Олимпијадата, но сите тие беа одложени за 2021-ва година така што во однос на календарот на домашните натпреварувања, државните натпреварувања, и на екипните и индивидуалните, оваа година ќе има речиси секоја недела натпревар.

- Паралелно работиме на неколку други проекти, проектите „Детска атлетика“ и „Жената во спортот“, како и многу други проекти коишто ни се планирани за идниот период така што се надеваме дека ќе успееме да ги покриеме сите активности. Последно што ни е најактуелно нас како Федерација е набавката на опрема на клубовите, почнувајќи од нови стартни блокови, копја, штоперици, нов електронски пиштол за примена на натпреварите на државните натпревари, и сето тоа успеваме да им помогнеме на клубовите во реализирање во тренажниот процес и во негувањето во некои дисциплини. На пример, конкретно за фрлачките дисциплини со којшто имаат проблем голем дел од клубовите затоа што немаат доволно реквизити, појаснува претседателката на Федерацијата Војнеска Зикова.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2021 13:06