Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, објави подготвеност да испрати дополнителен медицински персонал за помош на јапонските лекари кои работат на спортски настани.

Претходно, Здружението на лекари во Токио повика на откажување на Игрите, посочувајќи дека поради пандемијата КОВИД-19, лекарите не можат да се справат со обемот на работа.

– Го известивме организацискиот одбор дека сме подготвени да испратиме дополнителен медицински персонал. Оваа Олимпијада ќе биде можна благодарение на неверојатниот дух и издржливоста на Јапонија, нагласи Бах.

Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 23 јули до 8 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2021 14:38