Клубот Анималс, утре (22 мај) со почеток во 10 часот на терените во населба Дрма кај Идризово, ќе го одржи вториот „Мајскиот коњички турнир“ и 1. коло од отвореното Државно првенство во прескокнување на пречки за 2021 година.

На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во класи А, Б, Ц и Д со височина на пречките од 0,90 м. до 1.10/1,20 м.

На првиот турнир одржан минатиот викенд победија Леонида Гроздановска и Зоран Јовановиќ.

За оваа сезона предвидени се шест кола од Државното првенство и четири кола во Лига-првенството.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2021 11:14