Третата светска тенисерка Симона Халеп се откажа од настап на претстојниот Ролан Гарос поради повреда на левата нога.

Поради повредата белгиската тенисерка неодамна го предаде мечот од второто коло на мастерс турнирот во Рим.

– Со тешко срце морам да објавам дека се откажувам од Ролан Гарос. За жал, мојата повреда бара повеќе време за закрепнување, а рокот едноставно е прекраток, напиша Халеп на социјалните мрежи.

Халеп во 2018 година го освои Ролан Гарос, а во 2014 и 2017 година играше во финалето.

Грен-слем турнирот во Париз ќе се игра од 30 мај до 13 јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2021 22:09