Со учество на осум екипи од просторите на поранешна Југославија, вклучувајќи го и македонскиот претставник Вардар, идната недела официјално стартува Регионалната лига во бокс.

Покрај скопски Вардар, учесници се и екипите на белградска Црвена ѕвезда, и Лозница (Србија), Подгорица (Црна Гора), Марибор (Словенија), Витезови Загреб (Хрватска), како и Радник Бијелина и Железничар (Босна и Херцеговина).

Двојките за првото коло се:

Група А: Вардар – Лозница (27 мај), Железничар – Подгорица (28 мај).

Група Б: Витезови Загреб – Радник Бијелина (5 јуни), Црвена ѕвезда – Марибор (29 мај).



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2021 22:27