Македонската пливачка Миа Еминова Блажевска не успеа да обезбеди пласман во финалната трка на 100 метри слободно на Европското првенство (ЕП) во Будимпешта, откако попладнево заврши шестопласирана во својата квалификациска група.

Блажевска патеката ја исплива со време од 57:85 секунди, што беше доволно за шестото место во конкуренција на девет пливачки во квалификациската група 2.

Во квалификациската група доминираа пливачките од Словачка, Мартина Цибулкова (56:88), Тереса Иван (56:89) и Зора Рипкова (57:06), кои ги освоија првите три места.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2021 22:31