Македонската одбојкарска репрезентација со максимални 3:0 во сетови го совлада Кипар вечерва во Струмица во премиерниот натпревар од групната фаза во овогодишното издание на Европската сребрена лига.
Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ја оправдаа фаворитската улога и ги решија во своја корист трите сета со идентични 25:21
Во вториот натпревар во рамки на групата А, претходно денеска, Данска во неизвесен натпревар триумфираше над Израел со 3:2.
Во второто коло, што е на програмата утре, македонските одбојкари играат против израелската репрезентација, со почетокот од 20 часот, додека претходно во салата „Парк“ во Струмица се среќаваат Данска и Кипар.