Македонските таеквондисти се враќаат со 24 медали од силниот меѓународен турнир „Астерикс Опен‘ што викендов се одржа во Ниш.

Од петте македонски клубови, најуспешни беа таеквондистите на ТК „Бутел“, кои освоија три златни, исто толку сребрени и 10 бронзени медали. ТК „Кобра“ се закити со два златни, еден сребрен и два бронзени медал, таеквондистите на ТК „Борец“ освоија еден златен и еден бронзен медал, а ТК „Годел“ еден сребрен медал.

На петтото издание на „Астерикс Опен“ учествуваа над 1.000 таеквондисти од 100 клубови од 20 држави.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2021 15:43