Индискиот борач Сушил Кумар денеска е уапсен поради убиство, соопшти полицијата во Њу Делхи.

– Кумар (37) и уште едно лице се приведени за убиството, изјави портпаролот на полицијата во Њу Делхи, без да даде детали за потенцијалните обвиненија.

Кумар бил вмешан во тепачка на 4 мај пред стадионот Чатрасал во Њу Делхи, по што три лица биле примени во болница, а едно од нив, поранешен јуниорски државен шампион во борење им подлегнал на повредите.

Кумар е еден од најпознатите спортисти во Индија, тој освои сребрен медал на Олимписките игри во 2012 година и бронза на ОИ во 2008 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2021 00:39