Сите бебиња плачат, но некои плачат многу повеќе од другите. Така, се поставува прашањето: кога прекумерното плачење значи сериозен здравствен проблем?
Рефлукс е она кога горниот дел од стомакот не е доволно силен, па му дозволува на млекото и желудочната киселина да одат нагоре низ хранопроводот. Со други зборови, повраќањето е почесто. Со тоа, кај новороденчињата може да се појави болка, па дури и губење на тежината.
Многу педијатри веруваат дека денес има повеќе случаи на рефлукс кај бебиња затоа што нивните родители ги заспиваат на грб. Бебињата кои повраќаат поудобно спијат на стомак.
Сепак, спиењето на грб ја намалува опасноста од посериозни последици.
Повеќето случаи на рефлукс може да се дијагностицираат од општ лекар или педијатар. За многу случаи се потребни само едноставни мерки, но други бараат лекови на рецепт, најчесто „Ранитидин“ или „Омепразол“, за намалување на киселината. Исто така, може да помогне и тоа – бебето по хранењето да се држи исправено и да се заспие на столчето.
Стручњаците велат, хранете го бебето малку и често.
Овој проблем понекогаш може да биде поврзан со алергија на протеини од кравјо млеко. Ако дои, мајката треба да ги исклучи млечните производи од нејзината исхрана најмалку две недели.
Раното одвикнување од доење исто така може да помогне. Педијатрите препорачуваат бебињата со рефлукс – да се одвикнат од доење на возраст од четири до шест месеци. Нежниот притисок или држење топла перница на стомакот, исто така, може да ја ублажат непријатноста.
Повеќето бебиња го надминуваат рефлуксот во првите шест месеци или кога ќе почнат да јадат цврста храна.