Трипати по 5:0 и еден триумф од 6:1 се највисоките победи во историјата на европските фудбалски првенства, а на два од четирите натпревари на спротивната страна од крајниот резултат беше поранешна Југославија.

Франција во натпревар од 2. коло во групата А ја совлада Белгија со 5:0 на ЕУРО 1984, а истиот ден кога „триколорите“ ги декласираа „црвените ѓаволи“ во Нант, репрезентацијата на Данска во истата група ја совлада поранешна СФР Југославија со идентичен резултат.

Поранешната СР Југославија на ЕП 2000 претрпе пораз од Холандија од 1:6, постигнувајќи го почесниот гол во судиското продолжение.

Последната од четирите највисоки победи во историјата на Европските првенства датира од 2004 година, кога Шведска во групната фаза ја декласира Бугарија со 5:0.

Највисоки победи на Европските првенства:

1984 – групна фаза, Франција – Белгија 5:0 (Платини 4, 74, 89, Жирес 33, Фернандес 43).

1984 – групна фаза, Данска – Југославија 5:0 (Арнесен 8, 69, Бергрен 16, Елкјер 82, Лауридсен 84).

2000 – четвртфинале – Франција – Југославија 6:1 (Клајверт 24, 38, 54, Говедарица 51-аг, Овермарс 78, 90, Милошевиќ 90).

2004 – групна фаза, Шведска – Бугарија 5:0 (Лјундберг 32, Ларсон 57, 58, Ибрахимовиќ 78, Албак 90+1).



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2021 20:56