Во кинoто Синеплекс во Скопје на 4 јуни се одржа премиера на долгометражниот игран филм „Исчезнатиот“ на режисерот Арбен Тачи.

Филмот е финансиран од страна на Агенција за филм. додека Косово и Албанија се влезени како копродуценти преку нивните кинематографски центри.

Како резултат на мерките за спречување на пандемијата премиерата беше прикажа на ограничен број на гледачи. Во ова прилика филмот во главно го следеа филмскиот тим, подржувачите и специјални гости. Режисерот на филмот Арбен Тачи во својот поздравен говор пред почетокот на филмот се заблагодари на Агенцијата за филм за поддршката на овој проект и на сите актери и автори во филмот.

– Трудот на секој актер, автор, па дури и на наједноставните работници е очигледен во секој кадар на филмот , рече Тачи.

Тој исто така истакна дека филмот ќе го отвори фестивалот TIFF ODA 2021 во август годинава каде што повеќе гледачи ќе имаат можност да го гледаат филмот на отворено. Потоа, истиот месец, филмот ќе биде претставен во Приштина, Тирана и во Битола во септември во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“.

Филмот е финансиран од страна на Агенција за филм за Република Северна Македонија додека Косово и Албанија се влезени како копродуценти преку нивните кинематографски центри.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2021 21:11