Правилниот, квалитетен сон по раѓањето не само што ќе помогне во здравиот развој на бебето, туку ќе ја подобри и неговата подоцнежна способност за учење, однесување, креативност, како и засилување на имунитетот. Затоа е важно да се знае колку часови сон се доволни во текот на првите две години од животот на детето?

Сепак, нема „магичен број“ за тоа колку часови треба да спие. Некои новороденчиња се навикнуваат да спијат ноќе на возраст од осум недели. Ако доите, ќе се буди заради хранење. Важно е да се запомни дека секое бебе е различно… Ако не може да спие цела ноќ, нема причина за грижа.

Бебињата се будат навечер кога им е премногу топло или студено, па додавањето или отстранувањето облека и ќебиња – по потреба, е клучно. Бебето треба да спие подалеку од радијатор или прозорец. Се препорачува и мерач на температура… Идеална температура за спиење во детската соба е 20 Целзиусови степени.

Првите неколку недели, бебето веројатно нема да може да остане будно подолго од два часа. Нема потреба да се навикнува на одредена шема на толку рана возраст.

Вообичаено, препорачливо е потоа малечкото да спие околу 2 часа и 30 минути дење и 11 часа во текот на ноќта. Значи, вкупно – околу 13 и пол часа. Станува збор за тогаш кога бебето има околу 18 месеци. Дневната дремка е исклучително корисна за малите деца. Тоа треба да трае до нивната четиригодишна возраст.

Но, кога детето ќе наполни две години, времето на спиење се намалува на – еден час и 30 минути дење, и 11 часа и 30 минути ноќе. Но, тоа не се строги упатства.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2021 01:14