Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен беше најбрз на денешните квалификациите за Големата награда на Франција. Холанѓанецот на патеката „Пол Рикар“ во близина на Марсеј, оствари време 1:29.990 минути.

Втор беше Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес, додека неговиот клупски колега Валтери Ботас извози трет најбрз круг.

Од четвртото до десеттото место ќе стартуваат: Серхио Перез (Ред Бул), Карлос Сајнц (Ферари), Пјер Гасли (Алфа Таури), Шарл Леклер (Ферари), Ландо Норис (Мекларен), Фернандо Алонсо (Алпин) и Даниеле Рикардо (Мекларен).

За време на квалификациите се случија две несреќи. Пилотот на Алфа Таури, Јуки Цунода, ја напушти трката, а тркачот од Хаас, Мик Шумахер, го скрши неговиот болид.

Главната трка за француското Гран при од Формула 1 шампионатот ќе се одржи утре со почеток во 15 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2021 17:36