Навивачите на унгарската фудбалска репрезентација протестираа против акцијата со клекнувањето на едно колено како поддршка за борбата против расизмот и дискриминацијата.

Пред денешниот натпревар против Франција, илјадници навивачи одеа кон „Арената Пушкаш“ во Будимпешта носејќи транспарент со прецртан црномурен човек кој клечи на едно колено.

Унгарската репрезентација не клекнува пред евро-мечевите.

Пред јунскиот пријателски натпревар Унгарија – Ирска (0:0), унгарските навивачи ги исвиркаа ирските фудбалери кои клекнаа.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2021 17:40