Вештачкиот засладувач аспартам е предмет на контроверзии уште од неговото одобрување, 1981 година… Тоа, поради тврдењето дека може да предизвика рак, но и други заболувања, како што е Алцхајмеровата болест.

Повеќе истражувања покажуваат дека нема основа за лажни тврдења против аспартамот. Но, и покрај тоа, тој постојано се провлекува во, според многумина – псевдо-научни и алтернативни медицински написи и постојано се обележува како отров.

Од друга страна пак, прекумерната тежина е една од најраспространетите пандемии во светот денес, предизвикувајќи бројни сериозни болести – од дијабетес до заболувања на крвни садови. Но, што велат научните истражувања и стручњаците за аспартамот?

Истражување на Националниот институт за рак на САД, коешто опфатило 285.079 мажи и 188.905 жени на возраст од 50 до 71 година, покажа дека аспартамот не е поврзан со развој на рак на мозокот, леукемија или лимфом.

Од друга страна, системски преглед на 92 научни трудови, со вкупно 599.741 опфатено лице, од 2003 до 2014 година, покажа дека нема докази ни за поврзаност на аспартамот со ракот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2021 09:41