Новиот трејлер на „Одредот на отпишаните 2“ е објавен и пуштен во промет предвреме и порано отколку што се најавуваше. Видеото може да се најде на интернет со наслов „The Suicide Squad – Early Access Trailer Do Not Share” („Одредот на отпишаните – ран пристап, не споделувај!)

Сепак, трејлерот е објавен веќе на неколку различни јутјуб-канали.

Филмот своето прво прикажување во киносалите ќе го има на 6 август годинава. А, по еден месец ќе биде достапен и на „ХБО макс“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2021 11:45